Димензии: 12,7 х 10,9 х 1,4цм
Името петрифицирано (окаменето) дрво се однесува на фосилизираните остатоци од копнената вегетација.
Петрифицираното дрво е резултат на дрво претворено во камен преку процесот на перминерализација. Сите органски материјали на дрвото се заменети со силикатни минерали, обично кварц, додека ја одржуваат оригиналната структура на дрвото.
Со петрифицираното дрво дури и кога сте исполнети со страв, паника или вознемиреност, ќе бидете втемелени и стабилни заради неговите енергии на смиреност. Земјините енергии присутни во овој камен ќе ги смират вашите нерви и ќе ви ги олеснат стравовите, ќе ве исполне со чувство на сигурност, стабилност и благосостојба.
Петрифицираното дрво е идеален камен за медитација затоа што ќе ве води и покаже што е важно и што не. Воедно ќе ве охрабри да престанете да размислувате за работите што не можете да ги контролирате и ќе ве потсети да ги прифатите работи како што се. Би било многу корисно за вас да имате скаменето дрво кога не сте сигурни како да се справите со одредена тешка ситуација.
Енергиите на скаменетото дрво ќе ви дадат стабилност и ќе ви помогнат да ги препознаете најдобрите решенија за вашите проблеми. Ќе ви даде сила и храброст одлучно да ги извршувате.
Овој камен е многу корисен за оние кои се нестрпливи да чекаат нивната напорна работа да вроди со плод. Ќе ви пружи посветеност да почекате да се случи вашата внатрешна трансформација.
Петрифицираното дрво е камен на трансформацијата. Ќе ви помогне да станете личност што сакате да бидете и ќе ви помогне да ги остварите вашите соништа и цели, особено кога станува збор за пари и финансии.
Кога станува збор за физичко заздравување, петрифицираното дрво може да ви помогне при проблеми со скелетниот систем. Исто така, може да ги подобри состојбите на кожата и да го врати сјајот на косата.
Се вели дека помага при артритис, остеопороза и Алцхајмерова болест.
Петрифицираното дрво е познато по тоа што може да помогне при оштетување на клетките предизвикано од радиоактивно или хемиско “загадување”.