Дијаметар: 6,7цм
Crazy Lace ахатот е уникатен камен кој бара поголемо внимание и почит, затоа што многу луѓе не знаат всушност какво скриено богатство е.
Лудиот чипкан ахат (познат и како мексикански ахат) е млад во споредба со многу други минерали на Земјата. Пронајден исклучиво во областа позната како Чихуахуа, во Северно Мексико, овој ахат е познат не само по зачудувачките шари, туку и по неговите моќни лековити енергии. Се верува дека е создаден пред околу 65-90 милиони години.
Бидејќи се ископува само во Мексико, задржува голем дел од енергијата во таа област, особено племенските енергии од античките култури кои сè уште се опкружени со мистерија. Постојат докази дека овој ахат бил носен како амајлија од најраните жители на Мексико за истрајност и храброст во битка.
Слично на другите ахати и силициумски карпи, Crazy lace ахатот е добар генерален лекувачки камен. Се нарекува уште и „весел камен“ или „среќна чипка“. Тој е балансирачки и заштитнички камен, за кој се верува дека го избегнува „злобното око“, носи радост и апсорбира емоционална болка.
Лудиот чипкан ахат помага да се зголеми нечија енергија и да се поттикне концентрацијата, така што некој може да ги постигне целите многу полесно. Помошта што ја пружи овој камен со фокусирање го прави одличен камен за оние со АДХД. Исто така промовира внатрешна стабилност, смиреност и зрелост, а неговите топли заштитни својства поттикнуваат безбедност и самодоверба.
Овој ахат има ефект на чистење на физичко ниво, конкретно на панкреасот и лимфниот систем.
Може да донесе виталност на вашите главни органи и да помогне во зајакнувањето на крвните садови. Најдобро помага на заболувања кои влијаат на ендокриниот и дигестивниот систем, па дури и на срцето.
Crazy lace ахатот може да го стимулира дигестивниот систем, а исто така може да биде ефикасен третман за кожни заболувања како егзема и акни.
***НАПОМЕНА: Овој камен не е фармацевтски лек.
ЧИСТЕЊЕ: Се чисти под млаз проточна ладна вода 3-5минути.
ПОЛНЕЊЕ: Се полни неколку часа надвор од директни сончеви зраци.