Аметист со Какоксенит или Супер Седум кристал (исто така познат како „света седмица“ или „мелодиски камен“) е посебена форма на аметист кристал кој содржи седум минерали:
гетит,
какоксенит,
рутил,
лепидокросит,
аметист,
горски кристал и
чаден кварц,
што го прави овој кристал многу моќен затоа што се комбинираат лековитите и метафизичките својства на сите 7 минерали. Овие кристали се наоѓаат само на едно место во светот во Еспирито Санто, Бразил (името буквално се преведува во Светиот Дух).
Какоксенитот е една од ретките “состојки” што прават нешто добро уште подобро. Се манифестира како прекрасни инклузии во рамките на кристалот домаќин, обично аметист или гордки кристал, и се формира како светкави грутчиња или нишки од жолта, златна или зелено-кафеава боја. Неговото присуство ги зајакнува и проширува својствата што веќе произлегуваат од каменот домаќин и додава своја извонредна димензија на духовната еволуција и поврзаност.
Познат како Камен на вознесение, се верува дека Какоксенитот ја подигнува духовната свест на човечката раса и обезбедува љубовна и езотерична врска помеѓу целиот универзум.
Какоксенитот во аметист е особено регенеративен, не само за репрограмирање на клетките на телото постојано да се обновуваат, туку и за ревитализација на умот. Вклучувањето на Какоксенит иницира повисоко ниво на креативност, чистење на Третото Око и Крунската чакра од конвенционалната мисла и ограничувања, и носење на нови иновативни идеи и одлуки.
Тој е исто така главен минерал во кристалот Супер Седум. Заедно со останатите шест минерали ги комбинираат своите енергии во еден моќен кристал за кој се вели дека го менува нивото на вибрациите на планетата и се што е на неа. Ги активира сите чакри и суптилни тела, како и други кристали во близина на него, и обезбедува огромно водство и поддршка. Влева мир и чувство на безбедност и меѓусебна поврзаност со се околу вас.