Полуполирани парчиња малахит со постоље.
!!!НАПОМЕНА!!! Малахитот е токсичен во својата сурова форма и мора да се внимава при ракување, дробење, сечење и полирање на истиот. Да се мијат раце после секое ракување со Малахит. Да се чува подалеку од топли површини и да не се чисти со вода. Исто така да не се изложува на сонце. Чувајте го на темно место.
Малахитот лесно ги апсорбира негативните енергии и загадувачи, од телото, атмосферата и земјата. Тој заштитува и трансформира, засилувајќи ги и позитивните и негативните енергии, моќно детоксицирајќи ги емоциите, може да донесе катарза за која можеби ќе треба да вклучите некој кристал со понежна енергија како Розе Кварц. Малахитот е длабоко интроспективен, авантуристички камен кој оди во основата на проблемот, помага да се истражи вашето најдлабоко Јас, да се пробијат постоечкоте шаблони, да се охрабри преземањето ризици, да се помогне во решавањето на проблемите и да се најде вашиот вистински пат кон целта. Го отвора срцето кон безусловна љубов, го поддржува пријателството, помага во раскинување на застарените врски и развива емпатија. Има силен афинитет со природата и со девинските сили. Овој камен ги расчистува и активира чакрите, се прилагодува на духовното водство, откривајќи ги причинителите за енергетските блокади. Малахитот помага во апсорпција и обработка на информации и ги подобрува набудувањето и перцепцијата. Корисен е за психо-сексуални проблеми, особено кога се предизвикани од трауматично сексуално искуство во претходниот живот.
Малахитот е исклучително разноврсен камен за лекување. Особено е корисен против грчеви, вклучително и проблеми со менструацијата. Резонира со женските полови органи и третира било каква болест поврзана со истите. Овој камен го намалува крвниот притисок, третира астма, артритис, епилепсија, фрактури, отечени зглобови, израстоци, вртоглавица, тумори, проблеми со панкреас, слезина, паратироид. Ја усогласува нашата ДНК и клеточната структура и го подобрува имунитетот. Малахитот исто така го стимулира црниот дроб да ги ослободува токсините.
Чистење: Малахитот може да се чисти со опкадување со жалфија, поставување во близина на селенит или пак да се закопа во земја.
Полнење: Малахитот е чувствителен на светлина и топлина па затоа полнете го на месечева светлина или поставете го во близина на Горски кристал.