Бесплатна достава за нарачки над 2000ден

Череп Мовест ахат - celestacrystalshop
Череп Мовест ахат - celestacrystalshop
Череп Мовест ахат - celestacrystalshop
Череп Мовест ахат - celestacrystalshop
Череп Мовест ахат - celestacrystalshop
Череп Мовест ахат - celestacrystalshop
Череп Мовест ахат - celestacrystalshop

Череп Мовест ахат

Регуларна цена 3,000.00 ден Цена со попуст 2,200.00 ден
Единечна цена  per 
Испораката е пресметана пред наплата.

Димензии: 8,5 х 7 х 5,8

 

Мовестиот ахат е минерал кој е силно поврзан со природата. Ни помага да ја видиме убавината во се што не опкружува. Ја намалува чувствителноста на временските промени и загадувањето на природното опкружување. Тој е идеален за луѓе кои работат и поминуваат повеќе време на отворено. Во тешки ситуации, ни дава сила за нови почетоци и не ослободува од старите духовни стеги, ги елиминира стравовите, вкоренетата анксиозност и ги балансира емоциите. Се верува дека овој ахат привлекува материјално изобилство и богатство затоа што ги збогатува позитивните карактеристики и креативноста кај човекот. Ни помага да развиеме соживот со другите. Развива капацитет за социјална чувствителност, поедноставно изразување и мултидирекциска комуникација. Со оптимизам всадува доверба и надеж кај луѓето околу нас. Помага при депресија или нерамнотежа на мозокот со елиминирање на нивните причинители. Мовестиот ахат работи бавно, затоа се препорачува прво да се отвори срцевата чакра со Горски кристал.
Овој Ахат делува на панкреасот и создавањето на инсулин, го регулира шеќерот во крвта, ги филтрира бубрезите и слезината.
Ја зајакнува отпорноста на вирусни и габични заболувања и го забрзува закрепнувањето. Се користи како антиинфламаторно средство за борба против долгорочни заболувања, го чисти васкуларниот систем и дигестивниот тракт, ја стимулира лимфната жлезда и го зајакнува имунитетот. Спречува хипогликемија и дехидрација. Олеснува треска, настинка и грип. Еликсирот од Мовест Ахат применет на кожата, ги третира габичните и кожните инфекции. **НАПОМЕНА - Овој камен не е фармацевтски лек.
Чистење: Се чисти неколку минути под млака проточна вода.
Полнење: Се полни на сончева или месечева светлина.