Бесплатна достава за нарачки над 2000ден

Шеврон Аметист мини обелиск M

Шеврон Аметист мини обелиск M

Регуларна цена 850.00 ден Цена со попуст 650.00 ден
Единечна цена  per 
Испораката е пресметана пред наплата.

димензии: 8-8.5 х 2-2.5цм
Шеврон аметист, е име кое е доделено на комбинација од аметист и бел кварц. Овој тип на аметист се наоѓа во форма на маси во единствените познати локалитети во земјите Индија, Русија и Бразил. Неговото име е изведено од зборот што значи „линија во форма на V”.
Освен што ги делат истите енергии и вибрации со класичниот аметист, шеврон аметистот е далеку посилен и помоќен кога работи со нашите повисоки чакри. Овој тип на Аметист специјално се фокусира на третата чакра и крунската, активирајќи ги и поврзувајќи ги двете заедно. Овој важен канал е корисен при усогласување со повисоки енергии и фреквенции. Медитацијата со овој камен ќе ја зголеми живописноста и јасноста на соништата и сликите во нив. Додека третото око ги гледа овие слики, мозокот ќе може подобро да разбере што значи тоа и која е врската со вашиот сегашен живот. Овој камен е тука за да ви помогне да се поврзете со вашето повисоко јас и да работите кон воспоставување трајна врска помеѓу ова некогаш толку важно суштество. Нашето „повисоко јас“ е највистинската и најчистата форма на тоа какви сме навистина. Поврзувајќи се со оваа страна од вас, природно ќе бидете водени по животниот пат што ви одговара. Препорачуваме да работите со овој камен што е можно почесто, како и да го ставате директно на вашето трето око за да помогнете за негова активација.
***НАПОМЕНА- Аметистот не е фармацевтски лек.
ЧИСТЕЊЕ: Аметистот секогаш се чисти пред или по употребата, под млака вода околу 3-5 минути или во сад со Горски кристал.
ПОЛНЕЊЕ: Аметистот се полни на дневна светлина, но не смееме да го изложуваме на директно сонце затоа што ја губи бојата (особено бразилскиот).