Медениот или Златен калцит има исклучително експанзивна енергија.
Тој е моќен засилувач и прочистувач на енергија. Самото присуството на калцит во просторијата ја чисти негативната енергија од околината и ја зголемува вашата телесна енергија. На телесно ниво ја расчистува статичката енергија. Тој е духовен кристал поврзан со повисоката свест со која ја олеснува вашата конекција и насочување при вонтелесните искуства.
Психолошки, калцитот ги поврзува чувствата со интелектот, создавајќи емоционална интелигенција, има и позитивно влијание особено кога некој изгубил надеж и мотивација. Помага да се победи мрзеливоста, придонесувајќи за активирање на сите нивоа.
Ментално, калцитот го смируваат умот, учи на трпеливост при анализирањето, стимулира увид, ја подобрува меморијата и олеснува да се препознаат кои информации се важни, а потоа да ги задржи истите. Калцитот ви дава можност да ги преточите сите ваши идеи во дела. Овој кристал е корисен при учење.
Калцитот го раствора емотивниот стрес и го заменува со смиреност. Овој е стабилизирачки камен кој ја зајакнува довербата во себе и помага да ги надминете пречките. На суптилното ниво, со распоредување на соодветните бои ги чисти, балансира и ја надополнува енергијата на чакрите.
ЗДРАВЈЕ: Калцитот ги чисти органите. Помага во апсорпцијата на калциумот во коските, но ги разложува калцификациите, а го зајакнува и скелетот и зглобовите. Решава проблеми со цревата и кожата. Елексирот од калцит може да се нанесе на кожата, чиревите, брадавиците и гнојните рани.
ЧИСТЕЊЕ: Калцитот се чисти кратко под млаз проточна млака вода.
ПОЛНЕЊЕ: Се полни со горски кристал или на дневна светлина надвор од директни сончеви зраци.