Црниот турмалин е еден од најефикасните кристали заради неговата богата содржина на различни минерали. Неговата сила е во рушење на органските, емоционалните, менталните и духовните блокади кои не спречуваат да живееме здрав и чист живот. Поради своите пироелектрични и пиезоелектрични својства, црниот турмалин има најдобра моќ за прочистување на енергијата и најефикасна лековита моќ од сите црни кристали. Од една страна нè води до темните делови на потсвеста, каде што ги крши, ослободува и ги отстранува блокадите што нè оптоваруваат, а од друга страна ги чисти сите канали меѓу поединечните чакри за да може енергијата слободно да тече меѓу нив. Црниот турамалин е најсилниот заштитен камен кој постои. Како обвивка нè штити од сите надворешни влијанија, особено од космичко и копнено зрачење, патогените зони, нè штити од човечки негативни сили и вирусни инфекции што ги шири човекот. Негативната енергија ја разградува и ја отстранува пред да ја пробие нашата аура. Тој е идеален кристал за спалната соба која што целосно ја прочистува и со тоа ни обезбедува мирен сон (заедно со розе кварц и планински кристал). Црниот турмалин има претежно земјени својства, но исто така ни помага да го разбереме апстрактниот свет. Тој ни помага да ги видиме и исправиме сопствените грешки.
Црниот турмалин ја ублажува нервозата, напнатоста, стресот, стравот, опсесијата, ја зајакнува одбраната од вируси кои ги оштетуваат нервите бидејќи го зајакнува нервниот центар, исто така го зајакнува лимфниот систем, го регулира протокот на крв, развива мускули, ги олеснува грчевите и го лекува ревматизмот.
*НАПОМЕНА: Турмалинот не е фармацевтски лек.
ЧИСТЕЊЕ: Се чисти 1-2 пати месечно, кратко под млаз проточна млака вода или преку ноќ во сад со вода заедно со горски кристал.
ПОЛНЕЊЕ: Сите видови на турмалин се полнат на неодредено време на директна сончева светлина.