Бесплатна достава за нарачки над 2000ден

Аметист кластер - celestacrystalshop
Аметист кластер - celestacrystalshop
Аметист кластер - celestacrystalshop

Аметист кластер М

Регуларна цена 2,300.00 ден
Единечна цена  per 
Испораката е пресметана пред наплата.

Димензии: 10.5 х 10.1 х 5.5цм
Аметистот е првенствено кристал на духовна чистота, мудрост, медитација или „бискупски камен“. Тој е симбол на промена, отвора многу тајни на животот, ни помага да го разбереме значењето на соништата и визиите, го збогатува нашиот поглед кон иднината. Во христијанскиот свет Аметистот е симбол на внатрешна чистота, невиност, покајание и нè пренасочува од материјалнота кон духовната благосостојба. Ни овозможува пристап до другите димензии на свеста и ни помага да ги процесираме и балансираме внатрешните настани и немири. Аметистот се смета за кристален мост помеѓу Земјата и Небото, помеѓу духот и душата. Тој е кристал на прочистување, кој ја буди во нас решителноста да ги отфрлиме старите навики што не попречуваат во духовниот и менталниот развој. Поддржува создавање нови идеи и додава мотивација за развој. Ефикасно ги ублажува стравот, лутината, хармонично обединува различни енергии, го усогласува љубовниот живот во врската помеѓу маж и жена. Тој е одличен кристал за медитација и ни помага да ја сознаеме нашата судбина. Ги отстранува стравовите и грижите и додава мирен и безгрижен сон. Развива чувство на среќа и со тоа ја ублажува болката.
Аметистот го прочистува енергетското поле на телото, како и секоја просторија во која се наоѓа. Ова го прави одличен кристал за лекување, бидејќи ги отстранува негативните влијанија и приврзаности во околината што би го попречиле нечие духовно, физичко и емоционално заздравување. Кога се носи или држи, Аметистот формира неверојатен заштитен штит, опкружувајќи ве со заштитна виолетова светлина што може да спречи психички напади и негативни енергии пред да се прикачат на вашето енергетско тело. Со тоа овозможува енергетска чистота.
Аметистот дава високи фреквенции и силно ги стимулира третото око и крунската, но и сите останати чакри.
***НАПОМЕНА- Аметистот не е фармацевтски лек.
ЧИСТЕЊЕ: Аметистот секогаш се чисти пред или по употребата, под млака вода околу 3-5 минути или во сад со Горски кристал.
ПОЛНЕЊЕ: Аметистот се полни на дневна светлина, но не смее да се изложува на директно сонце затоа што ја губи бојата, особено бразилскиот аметист.