Димензии: 8 x 5,3 х 3,3
Зелениот авентурин ја симболизира постојаната и нераскинлива врска на човекот со природата. Се верува дека создава чувство на креативност, имагинација, ментална јасност, ја зголемува благосостојбата, носи успех во кариерата и секогаш ни помага да наоѓаме алтернативни решенија во различни ситуации. Има најсилен ефект кога се става на срцевата чакра каде ги ублажува нашите прекумерни емоции и ги претвора во радост. Во напнати ситуации, тој ја враќа вашата внатрешна сила и мир. Авентуринот е камен што релаксира и дава смиреност во соништата. Тој е поврзан со среќата во игри на среќа. Лековити својства: Зелениот авентурин има широк спектар на лековити ефекти и е познат како еден од најздравите кристали. Најефикасен е за срцевата чакра, но во комбинација со розе кварц може да се користи и за сите други чакри. Ја штити срцевата чакра од надворешните енергетски влијанија. Неговите вибрации позитивно влијаат на срцевите заболувања, што се предизвикани од емоционално преоптоварување, стрес и постојан немир. Исто така, има ефект врз психичките проблеми. Во овој случај, поставете еден кристал на солар плексус чакра, а другиот на чакрата на срцето. Ги наоѓа и ги елиминира негативните емоции во комбинација со малахит. Во овој случај, најдобро е да се постави авентурин на срцевата чакра и малахит на солар плексус чакрата. Ги ублажува хроничните заболувања на главата, мигрената, поддржува промена на ткивата, го намалува холестеролот, ја спречува атеросклерозата. Авентуринскиот еликсир може да се користи при масажа на заболените делови од телото.
**Забелешка - Авентуринскиот кристал не е фармацевтски лек, но неговите состојки се користат за правење лекови.
ЧИСТЕЊЕ: Авентурин се чисти на секои 15 дена неколку минути под проточна вода или преку ноќ со планински кристал.
ПОЛНЕЊЕ: Ги полнеме сите видови на авентурин директно и неограничено на сонце.