Океанскиот Јаспис е минерал именуван по неговото наоѓалиште, затоа што се наоѓа на бреговите на океанот. Локалитетот се наоѓа на северозападната страна на Мадагаскар, во рудникот Моравато. Оригиналното наоѓалиште е веќе доста исцрпено. Дел од рудникот е на морско ниво, па затоа е потопен при висока плима. Поради тоа се ископува исклучиво за време на осека. Околниот дел е многу недостапен поради густата и непробојна џунгла. Поради овие причини, овој камен се повеќе ретко се наоѓа на пазарот и пазарната цена постојано расте. Првпат беше изложен во јануари 2000 година на Меѓународната изложба за накит и минерали во Тусон (САД) и оттогаш се бара низ целиот свет. Познат е како „Орбикуларен јаспис“ или под мистичното име „Камен на Атлантис“.
Се верува дека океанскиот Јаспис има мистични квалитети и знаења. Тој делува многу смирувачки, поттикнувајќи ја универзалната љубов кон сè на планетата. Гледајќи го, можете да го видите морето, неговите длабочини, убавина и тајни. Затоа делува смирувачки, носи мир и блаженство. Низ разбирањето на силата и моќта на природата, го зголемува нашето ниво на одговорност кон животот и природата. На ментално ниво, тој развива брзо размислување и организациски вештини. Ја стимулира имагинацијата и реализира идеи. Ни дава решителност, храброст да се справиме со тешки ситуации.
Лековити ефекти: Океанскиот Јаспис има широк спектар на лековити ефекти.
- коренска чакра: помага при неплодност, менопауза, габични инфекции,
- сакрална чакра: го чисти мочниот меур и дигестивниот тракт, го зајакнува функционирањето на бубрезите, ја регулира функцијата на простатата,
- соларен плексус: Го зајакнува црниот дроб, го ублажува абдоменалното заболување, помага при чиреви на желудникот
- срцева чакра: помага при дерматитис и алергии на кожата,
- грлена чакра: третира болки во грлото, бронхитис, грип, кашлица, ја зајакнува тироидната жлезда
- трето око: помага при конјунктивитис, мигрена, синуси.
Океанскиот Јаспис исто така се верува дека е многу ефикасен кај различни алергии, ги елиминира калусите, го спречува целулитот, помага при дијабетес, исцрпеност, ја намалува треската, ги релаксира уморни стапала, го зајакнува целиот имунитет, ја ублажува преосетливоста на промените во временските услови, спречува настанување на цисти.
На ментално ниво, ги елиминира кошмарите и ги смирува соништата.
****НАПОМЕНА - Океанскиот Јаспис не е фармацевтски лек.
Чистење на Океански Јаспис: Јасписот се чисти под млаз млака вода.
Полнење на Океански Јаспис: Јасписот не е чувствителен на сончеви зраци, така што можеме да го полниме на неодредено време на сонце.