Дијаметар: 6.9цм
Рубелит е вид Турмалин со убава розова до темно црвена боја и нежни виолетови тонови. Честопати се нарекува „црвен турмалин“. Денешните наоѓалишта на овој природен кристал се во Јапонија, Аргентина, Бразил, САД (Калифорнија, Дакота), Финска, Русија, Англија, Германија, Авганистан, Намибија, Мадагаскар, Бурма. Најубавите примероци достигнуваат астрономски цени. Во домот или канцеларијата, го елиминира зрачењето од микробранови печки, компјутери и други електрични уреди. Името на овој полу-скапоцен камен потекнува од латинскиот збор rubellus што значи црвеникаво.
Езотерично значење: Рубелитот ја симболизира мајчинската пожртвувана љубов во нејзините бои. Во антички Египет, тој симболизирал просветлување. Донесува љубов што ги надминува човечките рамки се до самиот Универзум. Ја зајакнува можноста да се сфати љубовта. Ја подобрува и изедначува енергијата во срцевата чакра. Ги продлабочува најнежните чувства и вниманието. Неутрализира срцеви конфликти што водат кон дисхармонија, сомнежи и тага. Ги олеснува блокадите и психозата. Рубелитот им помага на ладнокрвните и затворените личности да се ослободат од страв, психолошки и емотивни бариери за отворање на своето срце кон другите. Донесува динамика и флексибилност во духовниот развој. Под негово влијание, достигнуваме компромиси и промени.
Лековити ефекти: Рубелитот генерално делува на витална енергија што ја подобрува работата на срцето, крвотокот и гениталиите. Ја подобрува функцијата на слезината и црниот дроб и ја чисти крвта. Тој им помага на жените кои се соочуваат со проблем на неплодност, нередовна менструација и менопауза. Влијае на промена на ткивата и ги ублажува хемороидите. Помага при ненадејна слабост и мачнини, го активира имунолошкиот систем и способноста да се спротивставите на заразни болести. ***Напомена: Рубелитот не е фармацевтски лек.
ЧИСТЕЊЕ: 2-3 пати месечно се чисти под проточна вода 5мин.
ПОЛНЕЊЕ: се полни на дневна светлина, надвор од директни сончеви зраци, не повеќе од 20мин.